Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше на прес-конференција во пресрет на големата пресметка со Ливерпул во недела на „Енфилд“.
Како и обично, Шпанецот започна со многу пофални зборови за својот ривал и шеф на Мерсисајд, Јирген Клоп.
– Мислам дека не е последен пат да се сретнеме еден против друг. Можеби ќе играме во ФА Купот во иднина, никој не знае. Тој е млад, јас сум млад. Отсекогаш ми било задоволство да играм против него и така ќе биде и во недела. Ќе биде добра битка и ќе се обидеме да победиме, вели тренерот на Сити.
Гвардиола не очекува дека заминувањето на Клоп ќе има негативно влијание врз клубот од Мерсисајд следната година.
– Ливерпул отсекогаш бил Ливерпул и има и други кандидати. Арсенал е таму и беше наш најголем ривал минатата сезона. Тотенхем ќе направи чекор напред следната сезона, како и Манчестер Јунајтед. Њукасл исто така би можел да се врати во игра за титулата следната сезона, смета Каталонецот.
Comments are closed for this post.