На 60-годишна возраст, како последица од срцев удар, вчера, почина еден од најдобрите фудбалери во историјата Диего Армандо Марадона. Неговата ненадејна смрт го зави фудбалот во црно. Речиси сите клубови, моментални и поранешни фудбалери со посебни пораки се збогуваат со Марадона, кој идентично привлекуваше внимание на теренот и надвор од него. Со топката беше незадржлив, а исто така и во приватниот живот кој беше исполнет со многу турбуленции, борба со алокохолот и дрогата.
Најемотивна порака за збогум има Наполи и навивачите. Во клубот од Неапол, Марадона го одигра најдобриот фудбал во кариерата, а „азурите“ за возврат доживотно од употреба го повлекоа дресот со бројот 10. Наполи исто така дека стадионот „Сан Паоло“ ќе биде преименуван и ќе го носи името на Марадона. Навивачите со свеќи пред муралот на Марадона во градот му оддадоа последна почит на еден од најголемите фудбалери на сите времиња.
Сите ги очекуваат нашите зборови. Но со кои зборови да ја опишеме болката низ која моментално поминуваме. Сега е време за солзи и почит, за најголемиот во историјата. – стои во објавата од Наполи.
Бразилката легенда Пеле не го заборави својот помал брат, иако, ривалството помеѓу Бразил и Аргентина често ги поминува спортските граници.
Какви тажни и ужасни вести. Изгубив голем пријател, а светот изгуби легенда. Толку многу работи останаа да се кажат, но се надевам дека господ ќе им даде сила на неговите најблиски да издржат во овие тешки мигови. Сигурен сум дека еден ден ќе играме фудбал на небото! – напиша Пеле на социјалните мрежи.
Од Марадона се просторија најголемите фудбалери моментално Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
(Лионел Меси) – Многу тажен ден за сите аргентинците и светскиот фудбал. Не остави, но не заминува, бидејќи тој е вечен. Ги чувам сите убави моменти, кои ги поминав со него и сакам да испратам сочуство до фамилијата и неговите пријатели.
Кристијано Роналдо) – Се простувам од пријател, а светот од генијалец. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Магионичар со топка. Замина прерано и остави празнина која никогаш нема да се пополни.
Вчерашните мечеви во Лигата на Шампиони започнаа со минута молк како почит за Марадона, а и денешните натпревари од Лигата на Европа ќе бидат во знакот на аргентинскиот виртуоз.
Comments are closed for this post.