Небојша Симиќ блескаше против Хрватска, уште еднаш избран за играч на натпреварот, но не сакаше да го прифати епитетот херој, туку воодушевено зборуваше за соиграчите.
„Нема да се ставам во преден план, тоа сум го кажал милион пати. Момците ја поставија мојата одбрана како никогаш досега во мојот живот. Јас го бранев зицерот, но се беше наместено, по договор се испочитуваше до најмала ситница. Фала им, тука нема ниту еден херој, сите ние сме херои“, изјави феноменалниот голман.
Comments are closed for this post.