Фудбалерите на Партизан ја победија Црвена звезда со 2:0 во 161-то вечно дерби, а натпреварот го одбележаа и бројни инциденти.

Уште пред почетокот на натпреварот, Делиите дојдоа во судир со полицијата, а имаше и инцидентни моменти пред јужната трибина, пренесува Телеграф.рс

Гробарите во еден момент додека гореше трибината ги фрлија факелите, а една од нив го погоди несреќниот редар директно во лицето.

Момчето во шок само стоеше, додека образот му беше потполно црн од факелот на чие летање не внимаваше.

Видеото може да го погледнете тука.