Српските медиуми шпекулираат дека мечот меѓу МЗТ и Цибона е наместен. „Телеграф.рс“ потсетува на неверојатните промашувања на гостите во вториот дел. Ова беше важен меч само за македонскиот тим кој се бори за опстанок во АБА лигата.

Македонскиот првак ја запиша седмата победа сезонава и утре ќе навива за пораз на директниот конкурент Борац на гостувањето во Подгорица против Будуќност со што ќе го задржи претпоследното место на табелата, кое обезбедува бараж за опстанок против второпласираниот тим од АБА 2.

МЗТ Скопје Аеродром беше во негатива од 12 поени разлика вечерва по првото полувреме (41-53), но одигра фантастична трета четвртина која ја реши во своја корист со неверојатни 30-5 и влезе во завршните десет минути со предност од 71-58.

Избраниците на тренерот Драган Николиќ до крајот на дуелот пред 4.500 гледачи во салата „Јане Сандански“ не ја испуштија тешко стекната предност и сега ќе го очекуваат исходот од утрешниот дуел во Подгорица од 19 часот