Срѓан Ерцег коментатор на „Спорт Клуб“, телевизија која ги има правата на многу спортски настани во регионот вклучително и во Македонија вели дека ништо во светот повеќе е бесплатно па дури ни интернетот.

Ништо во светот не е бесплатно, дури ни интернетот, но тој е од големо значење зашто ние секојдневно комуницираме и се информираме преку интернет. Според информациите од нашата компанија, најмногу луѓе во Македонија просечно користат Гугл, Фејсбук, Јутјуб, Инстаграм, Реклама5 и Тајм. Дигитализацијата е најмногу во тренд во светот. Најважно е секој од нас да ја знае технолигјата и да го следи трендот во светот. Сепак знаењето е клучно. Тоа секогаш е во тренд. Секогаш е во тренд да научите нешто, прочитате, и пред се да се информирате, да дознаете некоја приказна. Секој кој работи во рекламна агенција на својот потрошувач мора да му ја каже својата приказна, додаде Ерцег.