Ренова го заврши настапот во квалификациите во Лигата на Европа. Едно коло, толку беше максимумот на тимот од Џепчиште. Ренова изгледаше како да е помирена со поразот уште пред да почне. Цакташ погоди по грешката на одбраната на домаќинитр уште во првите минути од мечот.

Целото прво полувреме беше здодевно за гледање и среќа што мечот се играше без публика.

Во вториот дел Ренова напаѓаше но без некоја сериозна прилика да го загрози голот на гостите. Штета што и еден ваков просечен Хајдук од кој е останато само името беше пресилен за тимот на Ренова.

Дуелот со Галатасарај ќе остане само сон за некоја следна сезона