Тренерот на Интер, Лучано Спалети зборуваше за ситуацијата во својот тим, како и за силата на следниот противник, екипата на Аталанта.

Интер на стадионот „Џузепе Меаца” ќе играат натпревар од 31 круг од италијанската Серија „А”, а противник ќе биде тим кој е едно од најголемите изненадувања на сезоната.

– Не очекува голем натпревар, во смисла на позицијата на табелата. Аталанта е во врвот на италијанскиот фудбал веќе неколку години. Не е случајно тоа каде се наоѓа. Во ситуација е да се бори за место во Европа и има се што е потребно за да се најде таму, рече Спалети.

Мауро Икарди се врати во формација во последното коло и веднаш постигнеа гол во големата победа на Интер.

– Проблемот со Икарди уште еднаш покажа дека Интер е повеќе од еден играч. Сум рекол многу пати, ние треба да ја анализираме целата ситуација во детали. Да го правиме она што е најдобро за нас. Тимот реагираше на вистински начин и покажа дека може да се постигне резултат против сите и без било кого, смета Италијанецот.