Манчестер јунајтед денеска потпиша договор со Оле Гунар Солскјер по што тој веќе не е привремен туку официјално, менаџер на клубот од „Олд Трафорд”. Според „The Sun”, платата на 46-годишниот норвешки фудбалски стручњак ќе изнесува 8,7 милиони евра по сезона.
На овој начин, Солскјер се најде на третото место на листата на најплатените тренери на Премиер лигата.
Пред него се Џозеп Гвардола тренерот на Манчестер сити со плата од 17,5 милиони евра годишно и Маурисио Покетино од Тотенхем кој заработува 10 милиони евра. Солскјер го презема Манчестер јунајтед во декември 2018 година, наследувајќи го на тренерската функција Жозе Мурињо кој заработуваше 17,5 милиони евра по сезона.
Ole’s at the wheel! We can confirm that Ole Gunnar Solskjaer has been appointed as #MUFC manager.
— Manchester United (@ManUtd) March 28, 2019
Comments are closed for this post.