Манчестер Јунајтед очекува Пол Погба да остане во тимот и по крајот на летото, објави „Скај Спортс“.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер го смета францускиот репрезентативец за главен дел од тимот во следната кампања.

Играчот од средниот ред, кој го започна слабо првенството под водство на Жозе Мурињо, е посакуван од Реал Мадрид и Јувентус.

– Многу може да се зборува за овие три години во Манчестер Јунајтед. За добри и лоши моменти. Така е со секој и тоа се случува насекаде. По сето она што се случи за време на последниот шампионат, можеби е време да побарам нов предизвик. Ја разгледувам оваа опција, рече Погбаа во Токио.

Фабио Паратичи, спортски директор на Јувентус, веќе патуваше во Лондон за да се состане со луѓе на Јунајтед. Двете страни ги одржале првите разговори за можно враќање на Пол Погба во италијанскиот шампион.

Во август 2016 година, играчот од средниот ред се пресели од „црно-белите“ во Манчестер Јунајтед за скоро 94 милиони фунти. Французинот, исто така, е поврзан со преселба во Реал Мадрид, каде што тренер е Зинедин Зидан.

Пол Погба има договор со „црвените ѓаволи“ за уште две години