Ракометарите на Вардар со многу мака го совладаа Мотор во Запорожје и се реваншираа за поразот во Сеха лигата. Победата од 30-31 можеше да биде прокоцкана доколку беше признат голот на домаќините со звукот на сирената.

Целиот  меч се играше гол за гол и ниту една екипа не успеа да направи предност поголема од два погодоци.

Еден од најдобрите поединци во црвено-црните беше голманот Гедбан, како и Скубе и Дибиров. Кај домаќините најдобар беше Пуковски

Се покажа дека на Вардар не му оди играта на Мотор и ги имаше истите проблеми како на дуелот во Сеха лигата пред три недели.

Следниот меч во ЛШ Вардар го игра на 12 октомври со Кил во Скопје