Репрезентацијата на Србија е нов европски првак во одбојка.Тие вечерва ја совладаа селекцијата на Словенија со 3-1 во сетови и ја покорија Европа среде Париз.

Поголемиот дел од публиката во салата Берси беше за Словенците но српската селекција имаше голема поддршка од своите навивачи кои со гласно скандирање ја бореа својата репрезентација.

Ова е трета златна медаља за српската селекција.