Љубителите на фудбалот на социјалните мрежи коментираат дека дресот на македонската репрезентација кој предизвика револт поради тоа што наместо црвено-жолт стана бордо е ист како дресот на репрезентацијата на Албанија.
И навистина кога ќе се споредат двата дреса сличностите се очигледни иако се работи за различни производители.
Претседателот на ФФМ Мухамед Сејдини, во соопштението зошто одлучиле да го вратат стариот дрес вели дека имал доверба во службите на Федерацијата во креирањето на новит дрес и ја презема одговорноста за евентуални последици.
Тоа што не влијаев и имав доверба во работата на службите во ФФМ во креирањето на новиот дрес, не значи дека треба да молчиме кога пошироката јавност го искажува своето мислење. Инсистирам настапот на Европското првенство да биде запаметен по прекрасниот успех што го направивме и да не биде засенет со работи кои се полесни за решавање.
Comments are closed for this post.