Премиерлигашот Манчестер сити подготвува предлог за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско, објави „Дон Балон“.
Според шпанскиот медиум, Манчестер е подготвен да потроши 80 милиони евра на 27-годишниот Шпанец. Се потенцира дека тренерот на „граѓаните“ Јосеп Гвардиола е лично заинтересиран за овој трансфер.
Иско има три гола на 23 натпревари за Реал Мадрид во сезоната 2019/20.
Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на шпанскиот фудбалер на 50 милиони евра
Comments are closed for this post.