Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ги сумираше впечатоците од четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер сити.
Англичаните го добија мечот со 1:0 со голот на Кевин Де Брујне во 70. минута.
– Добар настап против извонреден клуб кој успеа да собере многу играчи од светска класа во одличен тим. Сакавме добро да се браниме, да го намалиме просторот и да ги загрозиме со контранапади. Токму кога изгледавме дека сме ги создале нашите најдобри шанси, тие го постигнаа единствениот гол. Тоа беше многу тежок натпревар. Отстрануваат тројца одлични играчи и ги заменуваат со тројца подеднакво одлични момци. Признавам дека уживам да ја гледам играта на Сити. Какво трпение имаат. Но и двете екипи се стремевме кон истото – да победиме. Можеби се најдобриот тим во светот. Малку ќе ја промениме играта на реваншот, но не им е гајле – ќе играат на ист начин. Ние со напорна работа ќе се обидеме да се натпреваруваме со нив. Само да видиме каде ќе се одвива мечот, изјави Симеоне на официјалната веб-страница на УЕФА.
Реваншот ќе се одигра на 13 април на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.
Comments are closed for this post.