Кошаркарите на Феникс рано утрово ги совлада Лос Анџелес лејкерс со 121:110 во НБА натпревар на домашен терен.

По овој пораз, тимот за кој настапуваат големи ѕвезди како Леброн Џејмс, Расел Вестбрук, Ентони Дејвис, Кармело Ентони, Двајт Хауард, остана без шанса за пласман во плеј-ин, а со тоа и без можност з аучество во разигрувањето за титулата.

Предводник во триумфот на Санс беше Девин Букер со 32 поена, Вестрбук со 28 беше најефикасен во поразената екипа.

Феникс е водечки во поредокот на Западната конференција од НБА-лигата со 63 победи и 16 порази.

Лејкерси се на 11. Место со биланс 31 победа и 48 порази.