Неверојатно финале на Европското првенство во ракомет. Шведска е европски првак откако ја порази Шпанија за поразот во финалето на Евро 2018 со 27-26 за нивната рекордна петта титула на европските шампионати, односно прва по пауза од 20 години.

Екберг и Бергендахл беа најдобри во составот на Шведска со по пет погодоци, додека најефикасен кај Шпанија беше Абељо со шест гола, а го следеше Серано со еден помалку.

Во шведскиот тим неверојатен беше голманот Паличка а кај Шпанците трагичар беше поранешниот играч на Вардар Канељас.