Белинда Бенчиќ им донесе радост на навивачите во Швајцарија откако е прва полуфиналистка на „УС Опен“ од земјата од 2001 година.
Таа ја победи хрватската тенисерка Дона Векиќ со 7:6(5), 6:3, а ова е нејзино прво појавување во полуфинале, откако претходно имаше само едно четвртфинале во 2014 година, исто така во Њујорк.
Дваесет и две-годишната Швајцарка со словачко потекло, ќе го очекува победникот на дуелот меѓу Бјанка Андреску и Елиза Мертенс. За секое од нив ова ќе биде прво учество во полуфинале на турнир од големата четворка.
По 3 години и 7 месеци, Бенчиќ ќе се врати во топ 10 на светската ранг-листа.
Comments are closed for this post.