УЕФА направи изненадувачка измена во судискиот тим на натпреварот ЦСКА – Македонија ЃП. Англискиот квартет објавен пред неколку недели, предводен од главниот судија Дејвид Кут, кој има 20 натпревари во Премиер лигата, беше повлечен без конкретна причина за промената.

Наместо британските судии, во Софија пристигна екипа од  Романија. Главен судија вечерва ќе биде 40-годишниот Марсел Бирсан со помошниците Раду Гингулиак и Мирчеа Григориу, а четврти судија Јулијан Дима.

Првиот меч во Скопје заврши без голови.