Генералниот спонзор на Манчестер јунајтед, автомобилскиот гигант „Шевролет“ е подготвен да го финансира враќањето на напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, во неговиот поранешен клуб во Премиерлигата, објави „Auto Esporte“.

Португалскиот репрезентативец го носеше дресот на Манчестер јунајтед од 2003 до 2009 година, освојувајќи девет трофеи во тој период со „црвените ѓаволи“.

Роналдо, во 2018 година направи трансфер од Реал Мадрид во Јувентус за сума од 112 милиони евра, а сезонава за актуелниот италијански првак постигна осум голови на шест натпревари во Серија А