Сензација во Катар, Јапонија ја шокираше Германија. Фаворитите имаа предност од 1-0 во дуелот со Јапонија во 32. минута, но играа со многу проблеми во одбраната, а тоа го казнија Јапонците.

Јапонија поведе 1-2 во 84. минута. Одбраната на Германците  беше очајна, па Јапонците во вториот дел тргнаа по израмнување, а откако до него дојдоа, потоа тргнаа и по водство и успеаја.

Нововлезениот Асано го совлада Ноер од мртов агол за сензационално водство  и победа.