Шампионот на Шкотска, Селтик, е можниот противник за екипата на Шкендија доколку тетовци во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите го елиминираат естонскиот шампион Номе Клају.
За да игра против Шкендија, прославениот шкотски клуб ќе треба да биде подобар во двомечот со босанскиот шампион, Сараево.
Ваквиот исход на ждрепката на УЕФА, на Шкендија и обезбедува можна средба со европски гигант, но ќе изостане регионално дерби, со оглед на тоа што меѓу можните противници на тетовскиот клуб во второто квалификациско коло беа и Динамо Загреб, Црвена звезда од Белград и АПОЕЛ од Кипар.
Comments are closed for this post.