Досега видовме осум мечеви. Што може да се каже освен-здодевни мечеви и залутани репрезентации. Ретко ќе се најде љубител на фудбалот кој не зажали што стана во четири и шест часот изутрина за да гледа натпревар од Светското првенство.

Можеби сме престроги бидејќи не е поминато ни првото коло но засега натпреварите се виситинско разочарување. Се чини овој проширен состав на Светското првенство не се покажа како вистински потег.

Засега за најздодевен натпревар може да се прогласи Швајцарија и Катар кој беше вистинско мачење, а најслаба репрезентација Јужна Африка, а тука некаде е и Чешка.