Македонскиот национален тим од вчера во Скопје се подготвува за настап на претстојното Европско првенство во фудбал на кое репрезентативецот Елиф Елмас очекува „црвено-жолтите“ да покажат оти заслужено се пласирале.
– Доаѓаме од мала држава и ова е нешто големо за целиот народ, Ако јас се прашувам, Македонија може да направи големи работи на Европското првенство. Ќе докажеме дека не се пласиравме случајно. Знаме со кои противници играме и не се плашиме. Јас сум секогаш оптимист и одиме на Европското првенство со цел да ја минеме групната фаза и да стигнеме што подалеку, изјави попладнево Елмас.
Македонската репрезентација е во групата Ц на Еуро 2020 во која прв противник ќе им биде Австрија на 13 јуни, пред пресметките со Украина и Холандија
Comments are closed for this post.