Тренерот на Барселона, Роналд Куман, го пофали својот тим за изданието во одбрана на натпреварот од 3. коло на Лигата на шампионите против Динамо Киев (1:0).

  • Нашата одбрана заврши одлична работа, Динамо не можеше да создаде ниту еден опасен момент. Се разбира, моравме да постигнеме повеќе, бидејќи резултатот 1:0 е секогаш ризичен до крајот на натпреварот, но дејствувавме добро без топка и игравме интензивно, истакна Куман.

Барселона е трета во Е-групата со три бода на три натпревари, Динамо Киев е на последната, четврта позиција со еден бод.

На првите две места се Баерн Минхен со девет и Бенфика со четири бода.