Иако се очекуваше многу од него, Еден Азар не се покажа во најдобро светло во Реал Мадрид,иако за него беше платено многу.

Тој во двете години минати во Кралскиот клуб одигра 54 натпревари, на кои постигна пет гола и впиша девет асистенции, што е премалку за играч од негов каливар.

Околу Азар постојат повеќе приказни, како и клубови кои се заинтересирани да го добијат, а еден од оние што се споменуваат е и Вестерло, клуб кој игра во втората белгиска лига.

„Јас и Еден сме пријатели, кога играше за Лил ми вети дека еден ден ќе заигра за Фенербахче. Вестерло се чини потешка варијанта, но зошто не би ја завршил кариерата овде“– изјавил сопственикот на Вестерло, Хасан Четинкај.

Во својата младост, Азар играл за друг белгиски клуб – Тубизе од каде се пресели во Лил и таму играше седум години. Најдобрите настапи ги забележа во Челси за кого одигра 352 натпревара и постигна 110 гола.