Светската шаховска федерација соопшти дека го дисквалификувала шахистот Игорс Рауси поради измама. Конкретно, ФИДЕ открила дека за време на турнир во Франција тој користел мобилен телефон со кој ги проверувал комбинациите кои може да ги одигра.

Станува збор за еден од најдобите шахисти, има 58 години и доаѓа од Летонија.Колку била сериозна работата покажува и тоа што кога измамата била откриена организаторите повикале полиција па Игорс морал да дава и изјава.