Рускиот бизнисмен и сопственик на Вардар ги израдува љубителите на спортот дека и покрај најавата пред мечот со Пик Сегед не планира да си замине од клубот.

Тој за Gol.mk изјави дека во овој момент размислува само на едно нешто – како до трета титула во ЛШ!

Зошто сте зборуваат за некој крај? Она што е важно сега е дека освоивме две европски титули од можни три. Уште сега треба да работиме на трета титула. Јас секогаш верувам во титули. Еве го Филип Лазаров е тука, одамна не е во клубот, но ме познава. Јас секогаш верувам во титули.

Беше тешко да се преживее викендов, но сега треба да славиме, потоа ќе зборуваме за други работи. Има многу информации, преговори, но сега тоа не е важно. Сега треба да славиме“, рече Самсоненко.