Двете ѕвезди на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез и Пол Погба предизвикуваат револт кај своите соиграчи, бидејќи и двајцата имаат клаузули во нивните договори, според кои добиваат дополнителен надомест за секој постигнат гол во дресот на „црвените ѓаволи”.

„Сан” информира дека чилеанскиот репрезентативец, кој секоја недела заработува по 505 илјади фунти, заработува неверојатни 75 илјади фунти за секој свој погодок и дополнителни 25 илјади за асистенција.

Светскиот шампион Пол Погба, е малку „поскромен”. Тој зема 50.000 фунти за гол и 20.000 фунти за асистенција.

Соиграчите на двајцата играчи немаат такви стимулации во нивните договори со Манчестер Јунајтед.

Откако стана јасно што се случува, на менаџерот Оле Гунар Солскјер му се наметнало да се справи со ситуацијата и да се бори против љубомората што се појавила кај некои од останатите фудбалери. Овој систем на бонуси во Манчестер Јунајтед предизвикала непријателска средина во последниве недели.