Ивица Осим беше еден од најголемите тренери во поранешна Југославија. Тој со југословенската репрезентација постигна одлични резулатити и на Светското првенство во 1990 година во Италија го освои петото место.

Се пласираше и на Европското првенство во Шведска во 1992 година но поради санкциите на Југославија не и беше дозволена да настапи.

Но, Осим ќе биде познат и по тоа што немаше голема доверба во ирачите од Македонија. Па така, под негово водство најстандарден беше Вујадин Станојковиќ.

Дарко Панчев играше повремено, а Илија Најдоски почна да настапува пред распаѓањето на државата и на репрезентацијата.