Поранешниот фудбалер Матеја Кежман проговори за киднапирањето кое го планирала српската мафија. Киднапирањето било планирано сред Амстердам.

„Репрезентацијата играше во Велс, па после тој натпревар би се вратил во Амстердам бидејќи требаше да имам натпревар за ПСВ. Штом слета авионот, ги видов полицајците како разговараат со стјуардесата и слушнав како го спомнуваат моето име и ме замолија да излезам од авионот со нив. Сакав веднаш да повикам адвокат, но ме смирија и ми рекоа дека ова е за мое добро. Од авионот јас директно со нив влегов во полициското комбе.Таму ми рекоа дека добиле информација дека се подготвува моето киднапирање, што требаше да се случи тој ден или во следните неколку дена“, рече Кежман.