Кристијано Роналдо, португалскиот интернационалец во дресот на Јувентус, седумдневниот одмор во поминал во луксузното одморалиште Коста Наварино во Грција. Тој одмораше заедно со неговата сопруга Георгина Родригез и децата.
КР7 бил сместен во една вила од 630 квадратни метри, со три спални, 24-часовен батлер и комплетна послуга, на располагање имал , како и шеф задолжен за подготовка на појадокот, ручекот, вечерата и за скарата.
За тие задоволства кои му биле достапни за време на приватниот одмор со семејството Роналдо плаќал по 8.000 евра за ноќевање, што ќе рече за една недела потрошил 56.000 евра.
Но, повеќе медиуми пишуваат и за тоа колку Роналдо го одврзал ќесето за бакшиш на послугата – информациите велат дека со најмалку 20.000 евра ги наградил луѓето кои се грижело за се околку него да биде тип-топ.
Човекот си е галантен.
Comments are closed for this post.