Суперлуксузниот миленик на Роналдо пристигна во Доха!Ѕвездата на Ал Наср и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Кристијано Роналдо е вистински љубител на скапи, брзи автомобили.
Поседува луксузно возило на четири тркала „Bugatti Centodieci“, за кое очигледно е исклучително приврзан, бидејќи со него вози и низ Саудиска Арабија.
Овој ѕвер на четири тркала е произведен во само 10 примероци ширум светот и има неверојатни перформанси.
Омилената машина на Роналдо до 100 км/ч достигнува за импресивни 2,4 секунди, а 200 км/ч за 6,1 секунда, додека максималната брзина му е дури 380 км/ч.Неговата цена беше неверојатни девет милиони евра!
Comments are closed for this post.