Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги стави во мирување сите натпреварувања што се во нејзина организација, машката Суперлига и Прва лига и женската Суперлига, сѐ додека не го усогласи својот здравствено-превентивен протокол со новиот протокол за организација на спортски натпревари, кој пред неколку дена го усвои Владата, заедно со Комисијата за заразни болести.
Продолжението на ракометните активности на клупски план би требало да се случи по завршувањето на ЕХФ-неделата, во која машката репрезентација ќе игра за пласман на Европското првенство во 2022 година против селекциите на Финска и на Швајцарија.
РФМ ги стави во мирување сите домашни клупски натпреварувања
Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.