Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар од денес е посилен за двајца нови играчи.
– Фахад Азиз Бајо и Муса Раматан се најновите аквизиции на нашето раководство, со кои ќе атакуваме на највисоки дострели во актуелната натпреварувачка година, објави ФК Вардар.
Бајо кој потпиша на две години е напаѓач од Уганда, има 27 години, минатото беше дел од Вишков од Чешка, Ашдод и Бнеи Сакнин од Израел.
Дваесет и тригодишниот Раматан кој потпиша тригодишен договор, игра на позицијата стопер, исто така настапуваше за Вишков во Чешка, а има искуство и од Синсинати 2 во САД. Последен клуб му беше Волвало Адиграт Универзитет од Етиопија.
Двајцата репрезентативци на Уганда, сонародници на Роџерс Мато, ја минаа последната полусезона од минатата сезона во клубот од Етиопија
Comments are closed for this post.