Вљубениците на кошарката во деведесеттите години сигурно со радост се сеќаваат на легендарниот хрватски кошаркар Тони Кукоч. Тој беше член на славната генерација на Југопластика но и на Чикаго Булс. Беше нивниот незаменлив шести играч во друштво на Мајкл Џордан, Скоти Пипен и Денис Родман.

Тони по завршувањето на кариерата остана да живее во САД, но летата ги минува во родниот Сплит. Пред извесно време имаше здравстени проблеми со срцето и сега е добар.

Наместо кошарка во слобдно време игра голф и тоа е неговото хоби во кое е длабоко навлезен па дури и учествува на некои хуманитарни турнири.