Реал Мадрид до крајот на летниот преоден рок нема да ангажира веќе нови играчи, најави тренерот на актуелниот шпански и европски првак Карло Анчелоти.

– Екипата е „заклучена“, имаме многу играчи. Имаме подобра екипа отколку минатата сезона. Исто така, и интензитетот на тренинзите е зголемен, изјави Анчелоти по вчерашното „Ел Класико“ во Лос Анџелес.

Од друга страна, тренерот на Барселона, Чави Ернандез, најави дека каталонскиот клуб во следните денови би можел да ангажира нов стопер во екипата.

– Колку повеќе ги имаме, толку подобро, бидејќи оваа сезона ќе имаме многу натпревари, а, исто така, тука е и Светското првенство во ноември и декември, изјави Чави.