Фудбалскиот клуб Реал Мадрид подготвува понуда за „новиот Кристијано Роналдо”, 19-годишниот талент Жота Филипе од Бенфика.
„Орлите” од Лисабон веќе отфрлиле предлог од 18 милиони евра за талентот, во чиј договор до летото 2022 година има клаузула за одрекување вредна 26 милиони евра. Сепак, Бенфика сака да го продолжи договорот и да ја подигне клаузулата на 120 милиони евра.
Жота стана топ-стрелец и придонесе за европската титула на Португалија за играчи до 19 години минатата година.
„Кралскиот” клуб планира да предложи двајца свои играчи на Бенфика на изнајмување, за да го комплетира договорот во текот на летото и да го привлече Португалецот.
Comments are closed for this post.