Реал Мадрид повторно финансиски е најголем фудбалски клуб со вредност од 3,2 милијарди евра. Во претходните три години на про место беше Манчестер јунајтед, но кралскиот клуб сега повторно се врати на тронот, зашто Јунајтед остана посиромашен за 17 милиони евра – вредноста му е 3,21 милијарди.

Листата ја објавува КПМГ и на неа се 32 клуба. Интересно, за прв пат од таа листа испадна Фенербахче. На листата се искачи холандски Ајакс, кој со вредност од 315 милиони евра е на 27 место. Добрите резултати во Лигата на шампионите му донесоа добар кеш.

Во топ пет се Баерн Минхен – 2.7, Барселона – 2,7, Манчестер сити – 2,5 милијарди. Паѓа во очи дека дури шест екипи во топ десет највредни се од Англија. Меѓу нив е и Ливерпул проценет на 2,10 милијарди, а над 2 милијарди уште е Тотенхем.

Лани најмногу напредувал Интер, кој богатствотото го зголемил за 41 процент.