Тина Тинтор (23), девојка со српско потекло која живеела со семејството во Лас Вегас, загина во сообраќајна несреќа кога во нејзиниот автомобил удрил поранешниот рагбист на Лас Вегас Рајдерс, Хенри Рагс Трети.

Според полицијата, несреќата се случила во раните утрински часови во вторник на 2 ноември, а во моментот на судирот на „шевролет корвета“ и „тојота“, во автомобилот со Тина било и нејзиното куче.

Спортистот удрил во автомобилот на девојката со брзина поголема од 250 километри на час на делницата каде што ограничувањето на брзината е околу 60 километри на час. Во тоа време, Рагс имал двојно повеќе алкохол во крвта.

Според американските медиуми, минувачи неколку пати неуспешно се обиделе да и помогнат на девојката која била заглавена во автомобилот. Според очевидци, автомобилот набрзо се запалил, а девојката и нејзиниот миленик изгореле заглавени во возилото. Тие објаснуваат дека Тина била сè уште жива во моментот кога возилото почнало да гори.