Европа моментално трага по маж обвинет за една од најголемите кражби во англиската историја.Алфредо Линдли, наводно, водел серија кражби во луксузните домови на познати личности  – вклучително и грабеж вреден 25 милиони фунти во куќата на Тамара Еклстоун.

Италијанските власти исто така ја обвинуваат Линдли дека во 2009 година го ограбил домот на Патрик Виеира, сега менаџер на Кристал Палас.Се верува дека Линдли се крие во Белград, наведува британската служба.

40-годишниот перуански државјанин има досие во Италија поради измама и провална кражба под различни идентитети од 1995 година, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на судски документи до кои имал пристап.

Истрагата покажа дека Линдли користел најмалку 19 псевдоними во изминатата деценија – меѓу кои Даниел Вуковиќ, Љубомир Романов и Љубомир Радосављевиќ, а документите откриваат дека неговите лажни идентитети се поврзани со различни европски градови, вклучувајќи ги Белград, Сараево, Милано и Загреб.

Под името Љубомир Романов, Линдли се појави пред судот во Белград на 27 август, соочен со екстрадиција во Велика Британија. Сепак, српските власти ја одбиле екстрадицијата, а се верува дека Линдли се уште е во Белград, поточно во Обреновац, .

Покрај тешката кражба што ја изврши во вилата на наследничката на Ф1 империјата, Линдли ги исчисти и куќите на англискиот фудбалер Френк Лампард и на починатиот поранешен сопственик на Лестер Сити, Вичаи Шриваданапраба во западен Лондон. Повеќето пари, украден накит и часовници никогаш не биле пронајдени