Вториот светски рекет, шпанецот Рафаел Надал објави дека во следниот период планира да се одмори.

Ми требаат натпревари, но не можеш да трчаш по нив стално. Неопходно е да се земе предвид возраста. Имам календар и приоритети. Сега сакам да се вратам дома и да се одморам, изјави Надал.

На теренот како што самиот најави се враќа на 25 февруари, на турнирот Мексико Опен во Акупулко.

Мојот следен чекор е турнирот Акапулко. Јас секогаш сакам да играм таму. По Акапулко, ќе одам во Индијан Велс. Тоа ми е според календарот. Сигурен сум дека нема да играм на друго место пред овие турнири, дополни Надал.