Фудбалските фанови се воодушевуваат на мајсториите на нивните идоли но малкумина знаат како тие дошле во нивиот клуб. За тоа се заслужни менаџерите или по ново фудбалските агенти кои се најзаслужни за кариерите на нивните клиенти.

Израелецот Пини Захави е еден од најпознатите менаџери во светот. Има 75 години и дрма во светот на фудбалот.

Почнал да работи како спортски новинар но брзо видел дека од продажбата на играчи може повеќе да заработи. Токму Пини му помогнал на Абрамовиќ да го купи Челзи. Негови најпознати трансфери се Рио Фердинанд во Манчестер Јунајтед и Нејмар во ПСЖ а од неодамна го застапува ли Левандовски.

Иако по изгледот личи на камионџија Мино Раиола врти по десетина милиони долари годишно.Тој е близок со Златан Ибрахимвиќ и човек кому му верува. Негови најпознати клиенти се Погба, Микхатаријан, Верати, Донадума и проблематичниот Балотели .

Што да се каже за Жорж Мендеш кога за неговото име се поврзаува еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо. Покрај Роналдо негови кленти се и Мурињо и Ди Марија.

За десетина години во овој бизнис има заработено над 30 милиони евра и во неговиот именик се наоѓаат броевите на сите позначајни директори на клубови. Овој португалец има и свој приватен авион и важи за број еден менаџер во светот.