Фудбалерите на ПСЖ се европски шампиони откако го победија Интер со 5:0 во финалето на „Алијанц Арена“ во Минхен!

Доминација каква што ретко се гледа се случи во прекрасна ноќ на последниот ден од мај, и судбоносно, сето тоа се случи на место кое е среќно за тимовите кои досега не биле шампиони на Европа!

Досега, Минхен пет пати беше домаќин на финалето од борбата за највредниот европски трофеј, а петтиот пат се случи еден тим да стане шампион за прв пат во историјата!