Францускиот шампион Пари Сен-Жермен одби уште една понуда на Реал Мадрид која се однесуваше на Нејмар. Според „Л’Екип“, мадридскиот клуб понудил во трансферот да ги вклучи голманот Кејлор Навас, играчот од средниот ред Хамес Родригез и напаѓачот Герет Бејл.

Претходно беше објавено дека Навас сака да го напушти Реал Мадрид, бидејќи го загуби местото во првиот состав по доаѓањето на Тибо Куртоа.

Родригез помина две сезони на позајмица во Баерн и не е вклучен во прв план кај тренерот Зидан.

За велшкиот репрезентативец Бејл во Реал летово стигнаа понуди од Кина и Англија, но трансфер не се случи. Бејл беше во почетниот состав во 1. коло со Селта (3:1), откако Зидан објави дека тој ќе остане во тимот.