Предвременото испаѓање од Лигата на шампионите, како што беше кажано од навивачите на ПСЖ и француските медиуми, не ги наведоа француските шампиони да размислуваат за промена на тренерот.

Томас Тухел веројатно ќе „преживее” по сензационалното исфрлање од Манчестер Јунајтед бидејќи шефовите на клубот се подготвени да му понудат нов договор.

Договорот на германскиот стратег истекува во 2020 година, но „Екип” објави дека претседателот Насер Ал-Келаифи сакал да ја продолжи соработката до 2021 година, со можност за продолжување на договорот за уште една година. Тоа значи дека Тухел ќе има нов обид да го донесе многу посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите кај парискиот клуб.

Тухел во кариерата ги водел аматерите од Аугсбург, Мајнц и Дортмунд со кои го освоил Купот на Германија во 2017 година. Со „Светците” минатата година го освои „Трофеј на шампионот”, што е еквивалентно на Суперкупот во други земји.