Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино изјави дека ќе покрене иницијатива за именување на најмалку еден стадион во секоја земја по легендарниот бразилски играч.

Инфантино отпатува во Бразил за да му оддаде почит на легендарниот фудбалер.

– Ќе покренеме иницијатива сите земји во светот да имаат барем еден стадион кој го носи името на Пеле за сите деца да знаат колку тој бил важен за фудбалот – изјави Инфантино.