Ракометарите на Вардар го освоија првиот трофеј во новата натпреварувачка сезона и тоа во Суперкупот на Македонија.
Избраниците на Давид Писонеро издвојуваа победа над составот на Металург од 26-24. Вардарци имаа потполна контрола од самиот почеток до крајот на дуелот во Куманово, односно во ниту еден момент не беше доведен во прашање позитивниот резултат на истиот.
Фаворитот имаше предност од шест гола по 30 минути (16-10), предност која беше рутински сочуваа во второто полувреме.
Горбок и Дибиров со по шест гола беа најефикасни кај вардарци, Додиќ пак даде пет за составот од Автокоманда.
Comments are closed for this post.