Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери се спротивстави на идејата за тешка казна за некои ѕвезди во неговиот тим.

Вчера таблоидот „Сан” објави видео на кое фудбалери на „топџиите” се забавуваат во локал, во приватно сепаре, откако вдишуваат т.н. „хипи крек” од балони и од шишиња.

 

Пјер-Емерик Обамејанг, Александар Лаказет, Месут Озил, Сеад Колашинац и Матео Гендузи беа прикажани во вакво светло. Веднаш потоа, се појавија информации дека тренерот ќе наметне санкции за тоа што се случило. Сепак, забавата е од август, пред почетокот на сезоната.

Со играчите ќе се зборува за она што се случило и ќе бидат потсетени на нивните одговорности како членови на клубот, се вели во пораката од клубот.

Ѕвездите на тимот од Лондон не се единствените што биле откриени како се забавуваат на сличен начин. Претходно, Рахим Стерлинг и Кајл Вокер, исто така, беа снимени како вдишуваат „хипи крек”.

Арсенал денеска се соочува со Хадерсфилд во дуел од 16-тата рунда од Премиер лигата. Дуелот е од 16,00 часот.