Во организација на Скијачката федерација на Македонија, со поддршка од Агенцијата за млади и спорт од 23 до 25 август во Крушево по трет пат ќе се одржи ,,ФИС Ролер ски куп Тоше Проески”.
„АМС заеднички со СФМ за многу краток период успеаја да го издигнат ,,ФИС Ролер ски куп Тоше Проески” на ниво со останатите меѓународни манифестации во регионот. Потврда за тоа е што од година во година имаме се повеќе пријавени натпреварувачи и учесници, со што и оваа година ќе гледаме интересни и квалитетни трки на патеките во Крушево, истакна Каевски на денешната прес-конференција.
Досега учеството покрај нашата репрезентација го потврдија уште и Босна и Херцеговина, Грција и Србија.
Овие натпревари се бодуваат исто како и зимските натпревари, така што сите учесници добиваат бодови за крајната ФИС листа и влегуваат во оние квалификациски натпревари за бодување и пласман на зимските олимписки игри.
Натпреварите ќе се одвиваат во неколку дисциплини:
(петок 23 август) спринт на 1,2 км. во машка и женска конкуренција
(сабота 24 август) 12 км. машка и 6 км. женска конкуренција
(недела 25 август) 10 км. машка и 5 км. жени.
За прв пат на купот ќе бидат организирани и детски натпревари во категорија до 12 и до 14 години.
Comments are closed for this post.